Press "Enter" to skip to content

Отворен ден на технолошко-техничкиот факултет – Велес (фото)

На Технолошко-технички факултет – Велес, единица во рамките на УКЛО Битола се реализира Отворен ден. Целта на настанот беше да се направи линк помеѓу високообразовната институција која беше домаќин на настанот, претставници од прехранбениот сектор, нутриционистите како и голем број средношколци од градот Велес и околината, идни, потенцијални студенти.Настанот го отвори и поздрави Деканот на ТТФ-Велес, ред. проф.д-р Татјана Калевска која меѓу другото истакна:-Отворениот ден е можност пред средношколците да ги презентираме студиските програми, како и условите, можностите и придобивките од студирањето на Технолошко-техничкиот факултет, затоа што истиот е високообразовна институција која обезбедува континуиран процес на образование на трите циклуси студии, кој процес ги следи современите трендови во образованието, едукацијата и развојот на науката во земјата и странство. Теоретските знаења кои може да се стекнат во текот на студирањето надополнети со практични вештини, преку соработката која Факултетот ја остварува со бизнис заедницата, овозможуваат нашите студенти да се стекнат со компетенции, знаења и вештини кои ги прават поконкурентни на пазарот на трудот.На присутните со свои излагања им се обратија и продеканите ред. проф. д-р Сашко Мартиновски, вонр. проф. д-р Татјана Блажевска и вонр. проф. д-р Даниела Н. Неделкоска.Од претставниците на бизнис секторот своите успешни професионални приказни со присутните споделија претставници на Би-Милк, Био-Космос, Макро Вита, Вита Нова, Агриа и м-р Антонио Велковски – самостоен нутриционист, кои дел од својот образовен циклус го стекнале на некој од трите циклуси студии на Технолошко-технички факултет – Велес.Претставниците од бизнис секторот имаа можност на поставените штандови да ја презентираат својата дејност и да укажат на можноста за реализација на практиканство.На крајот од оваа средба во меѓусебна дружба, присутните имаа можност да дегустираат дел од производите на присутните компании, добиени со примена на нови, иновативни технологии на производство, како и одблиску да се запознаат со процесите на производство на истите.

More from ВестиMore posts in Вести »