Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: две пријави за ист случај – физички напад, кај осуденок во затворот најдена прашкаста материја, приведување за нудење сексуални услуги

На 24.03.2024 во 00.50 часот во СВР Битола, М.А. (43) од с.Кравари, битолско, пријавил дека на 23.03.2024 околу 23.30 часот пред Центарот за култура во Битола неговиот малолетен син бил физички нападнат од С.А. (20)  од Битола. Во врска со истиот настан, на 24.03.2024 во 02.00 часот во СВР Битола, С.А. пријавил дека пред Центарот за култура во Битола бил физички нападнат од едно лице. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 23.03.2024 во СВР Битола, од Казнено – поправната установа Затвор Битола било пријавено дека во 20.30 часот, при претрес на торба на осуденикот на возраст од 35 години од Битола, кој се враќал од викенд отсуство, вработен во затворот пронашол две пакувања со прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Битола извршиле увид, а пронајденото било одземено за понатамошна постапка. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.03.2024 во 22.05 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 29 годишна од Битола затоа што била затекната при нудење сексуални услуги. По документирање на настанот против неа ќе следува соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »