Press "Enter" to skip to content

Пробив во академската сфера, научното списание “Хоризонти“ индексирано во Index Copernicus

Научното списание „Хоризонти” издание на Универзитетот „Св. Климент Охридски”- Битола успешно е вклучено во респектабилната академска база Index Copernicus.

Новиот напредок УКЛО го оценува како значајно достигнување што го потврдува квалитетот на списанието и претставува силен стимул за подобро позиционирање на УКЛО во светски рамки, овозможувајќи уште поголема видливост на истражувачките резултати и академските достигнувања на авторите.

Поректорот за наука, проф. д-р Горан Илиќ со задоволство нагласува дека со ваквиот пристап, Универзитетот продолжува да го поддржува академскиот напредок и размената на знаење во меѓународната научна заедница. Тој нагласува дека УКЛО е уверен дека оваа новина ќе ги охрабри истражувачите да продолжат научните трудови да ги вклучуваат во поширокиот академски дијалог.

Воедно, проректорот  Илиќ посочува дека ова е мал дел од настојувањата на ректорскиот менаџмент во унапредувањето на академскиот статус и меѓународното влијание на Универзитетот во еден поширок контекст, особено затоа што раководството продолжува со иновативни и квалитетни академски активности за збогатување на комплексниот академски пејзаж  и  профилирирање на УКЛО како сериозен и активен глобален актер.

More from ВестиMore posts in Вести »