Press "Enter" to skip to content

“Танцуваме, готвиме, волонтираме!“ проект на “ЕРЦ Соработка“ Битола (фото)

Во текот на месец март Здружение за поттикнување на економскиот и културен развој “ЕРЦ Соработка“ Битола го имплементираше проектот “Танцуваме, готвиме, волонтираме!“ со 20 млади од македонска, албанска, турска и ромска етничка припадност.Целта на проектот е да се подигне свеста за значењето и придобивките од културната разноликост и меѓусебно почитување, како и да се поттикне активно учество на младите во процесите кои придонесуваат за социјалниот и културниот развој на нивните заедници.Планираните активности беа дизајнирани со цел да овозможат младите да учат едни од други, да развиваат сочувство и да ја ценат уникатноста на секоја култура.Во рамките на активностите учесниците се запознаа со различни организации и институции кои нудат можности за волонтирање како Младинскиот центар Битола, каде што се организираа активностите, Центар за Култура Битола каде што разговаравме за различните културни настани и фестивали каде што младите можат да се вклучат да волонтираат.Ги посетивме Младински Културен центар и Europe House Bitola каде што се отворија плодни дискусии на темата волонтирање и бенефити од волонтирање.Следно беше организирана посета на различни културни знаменитости во Битола и ги посетивме локалитетот Хераклеа, црквата “Св. Димитрија“, Ајдар Кади Џамија, Исак Челеби Џамија, Музејот на Албанската Азбука при што младите се запознаа со големото културно наследство што го имаме во Битола.Покрај посетите беа организирани и работилници за култура и солидарност што овозможи учесниците да се запознаат подлабоко со различните култури во регионот, и имавме прекрасна интерактивна работилница за танци во КУД “Илинден“ Битола каде што младите се подготвуваа за нивниот настап на отворениот ден.

Како кулминација на проектот беше организиран отворен настан за сите граѓани од Битола каде што младите презентираа традиционална македонска, албанска, турска и ромска храна кои што тие ја готвеа во текот на целиот ден, и за крај презентираа традиционални песни и танци за публиката.Овај проект е финансиран од Европска Унија, а регрантиран од Центар за интеркултурен дијалог, Сојуз на извидници на Македонија, Центар за истражувања и анализи НОВУС во рамките  на проектот “Youth agents of change“.

More from ВестиMore posts in Вести »