Press "Enter" to skip to content

IQOS караванот ја посетува Битола

Новата генерација IQOS ILUMA уреди со револуционерната технологија на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење може да се набават на новата локација на IQOS караванот, моментно поставен во Битола. Караванот е лоциран на главното шеталиште пред офицерскиот дом во Битола, а работното време е од понеделник до сабота, од 10 до 22 часот.

На оваа привремена локација, сите полнолетни пушачи ќе можат да се запознаат со IQOS уредите и да дознаат повеќе за нив и за напредната технологија на загревање на тутунот, купување додатоци, замена на стар уред за нов, корисничка поддршка и друго.

IQOS ILUMA семејството вклучува три модели на уреди, кои се засновани на иста технологија. Сите уреди го загреваат, а не го согоруваат тутунот, со што се намалува нивото и количината на штетни материи во просек и до 95 проценти во споредба со чадот од цигарите. Иако содржи никотин кој предизвикува зависност, претставува подобар избор, поедноставен и технолошки напреден производ за возрасните, кои инаку би продолжиле да пушат. 

На глобално ниво, производите без чад на ФМИ се продаваат на 84 пазари. Денес, повеќе од 28,6 милиони возрасни пушачи ширум светот се корисници на IQOS, од кои 73% целосно се откажале од пушењето. ФМИ има ангажирано повеќе од 1.180 научници, инженери, техничари и помошен персонал, секој од нив работи во различни, сложени области и има инвестирано над 12,5 милијарди американски долари во истражување, развој на производи и научна поткрепеност на производите без чад на компанијата. Повеќе за технологијата зад IQOS можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International.

Кај нас, освен во Битола, овој уред е достапен и кај продажните партнери во повеќе градови во земјата. Во главниот град Скопје има два IQOS бутика во трговските центри Ист Гејт Мол и Дајмонд Мол и IQOS зони моментно сместени во трговските центри Скопје Сити Мол и Капитол Мол, Веро Тафталиџе и Палма Мол во Тетово. Покрај тоа, овој производ може да се купи и онлајн преку IQOS веб-страницата.