Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 13 подигнати возила со специјално возило “пајак” за погрешно паркирање

Во текот на вчерашниот ден (30/31.03.2024) во период од 21-03 часот полициската станица за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Битола, во Битола спроведе акциска контрола за преземање на мерки и санкционирање на погрешно паркирани возила.

Со специјално возило “пајак” подигнати биле 13 возила и издадени 24 прекршочни платни налози.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

More from ВестиMore posts in Вести »