Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Тони Гламчевски ги “донесе“ во Битола импресиите на ракометарите на ПСЖ од гостувањето во нашиот град

Дописникот од Франција на МТВ и други информативни куќи од Македонија, Тони Гламчевски од Битола, со синот и неговата девијка, деновиве престојува во родниот град, а саботното убаво време го искористи и да гледа и два првенствени натпревари, на фудбалерите и ракометарите.

При нашата средба Гламчевски ни рече дека нема да ја пропушти приликата во Битола да гледа натпревари на фудбалерите и ракометарите, а идната седмица ќе биде и на стартот на плеј-офот на кошаркарите.Гламчевски нас и директорот на Еурофарм Пелистер, Горан Петровски, не информира за импресиите на ракометарите на ПСЖ кои во рамките на Лигата на шампиони гостуваа во Битола кои ги премеле низ медиумите во Франција. Тие искажале најголема благодарност за клубот Еурофарм Пелистер за гостопримството кое го имале во Битола, за убавиот гест на клубот кон европските шампиони, а посебно се осврнале на атмосферата во салата и публиката во Битола.

Гламчевски натпреварот на Еурофарм Пелистер против Струга го следеше заедно со Французинот во Еурофарм Пелистер, Руди Сери. Парижанецор Руди со него ги сподели неговите искуства во Битола, му кажа дека во градот е примен одлично, но му недостига тоа што малкумина зборуваат француски со него, а средбата со Тони била убава прилика да си поприкажуваат на француски јазик.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »