Press "Enter" to skip to content

Јуре Планиниќ: Битола и клубот се одлични, знаеме што нè чека, очекувам победа в сабота

Кошаркарите на Пелистер од Битола регуларниот дел од сезоната во Првата македонска лига завршија на третото место, а тоа е Еуро Никел од Кавардарци, со кој ќе ги започнат натпреварите од четврт финалето во сабота во спортската сала во Битола, каде ќе играа два натпревари по ред. 

Во пресрет на серијата со кавадарчани Јуре Планиниќ го анализира противникот, а се осврна и на самиот плеј-оф, за што вели:

-Ни следи Еуро Никел и серија против нив. Се работи за одлична екипа, игравме против нив во сезоната и сите натпревари беа на една или две топки. Знаеме што нè чека, се надевам дека ќе се припремиме добро, ќе го одработиме договореното и ќе се радуваме на победа. Еден дел од сезоната кошаркарите на Еуро Никел беа и лидери, играа добро. Сепак, имаа и падови што е нормално во текот на една сезона. Имаат играчи како Дубински и Смит, но и останатите ги следат и мора да се припремиме за цела екипа. Со добра одбрана и паметна игра во нападот мислам дека ќе се радуваме на првата победа. Можеби водечките три екипи од регуларниот дел се најквалитетни, но јас не би издвоил никого и мислам дека сите екипи имаат еднакви шанси. Мора да докажеме како екипа дека сме кадарни за плеј-офот. Хемијата во екипата е одлична, добра група сме. Ни фалеше мала доза на среќа и во Купот и во АБА2 лигата. Пресуди можеби заморот и таа една топка. Сега преку плеј-офот имаше шанса да се поправиме. Ќе се обидеме од четвртфиналето до финалето да се наметнеме и да го освоиме првиот трофеј за клубот“, смета босанскиот кошаркар.

Меѓу другото, Планиниќ се освнра и на градот Битола и како тој беше прифатен во клубот.

-Моите впечатоци за градот Битола и клубот се одлични. Градот, клубот и организацијата е на високо ниво, имаме сè што ни е потребно и се надевам дека ќе возвратиме за тоа што ни е овозможено. Ги повикувам навивачите да дојдат во поголем број. Се надевам на поддршата од Купот, верувам дека баш тие ќе нè водат до победата, заврши Планиниќ.

Првиот плеј-оф меч во серијата се игра в сабота во салата „Боро Чурлевски“ во терминот од 19:00 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »