Press "Enter" to skip to content

Ретки животозагрижувачки случаи успешно се решаваат во болница “Плодност“ во Битола како во најдобрите светски гинеколошки центри

По повод Светскиот ден на здравјето 7 Април, на Интернационалниот конгрес ICRC за ретки случаи, одржан во Скопје во организација на Македонското лекарско друштво, д-р Александар Јовановски, специјалист гинеколог-акушер во болнива “Плодност“ од Битола  одржа предавање за редок и тежок случај кај пациентка, кој успешно беше решен.

Пациентка, на 40 години, на која претходно не и била дијагностицирана коагулопатија, се породува со царски рез во нашата болница, поради бебе од 4 килограми, но со обилно постпартално крварење.Д-р Владимир Поповски, по 4 часа во операциона сала, успева да и го спаси животот на родилката, а при тоа и нејзината матка. По овој случај, пациентката добива совет да оди на трансфузиолог, каде и е дијагностицирана коагулопатија (намалена способност за згрутчување на крвта).Втората бременост на пациентката е водена од д-р Александар Јовановски. Трансфузиолог дава препорака за терапија, која сепак би била недоволна за пациентката да може нормално, без крварење, да се породи. Со конзилијарна одлука на д-р Александар Јовановски, д-р Владимир Поповски и анестезиологот д-р Филип Трајковски, се дава правилна и потребна терапија. Пациентката се породува со царски рез по втор пат, без крварење и без никаков проблем си заминува од болница “Плодност“. Сега, пациентката има синче од 3 години и ќеркичка од неколку месеци. Во двата нејзини случаи, благодарејќи на знаењето и искуството на медицинскиот тим и можностите кои ги нуди болница “Плодност“, таа добива беспрекорна и посветена медицинска заштита ви најранливите моменти од нејзиниот живот.За нашиот врвен медицински тим, најголем подарок е сигурноста, која пациентката ја чувствуваше во нивните раце, во текот на двете бремености.

More from ВестиMore posts in Вести »