Press "Enter" to skip to content

Денешното вечно ракометно дерби прва “меч топка“ за титула на Еурофарм Пелистер

Денес во Скопје, во салата “Јане Сандански“, со почеток во 18 часот ќе се одигра вечното ракометно дерби помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер од  Битола и Вардар, во рамките на осмото коло од плеј-офот на Суперлигата.

Второто “вечно дерби“ во плеј-офот е и прва “меч топка“ за Еурофарм Пелистер, кој со победа ќе ја имаат годинашната титула во свои раце, а екипата на Вардар само победа ги остава реалните шанси за титула. 

“Пелистерци“ по 8. кола имаат 5 бода предност, односно вкупно 23 наспроти Вардар кој има 18 и затоа се очекува беспоштедна битка, а за жал поради ланските проблеми на трибините нема да има присуство на гостински навивачи односно „Чкембари“.

Ракометата федерација на Македонија ги делегира официјалните лица за дербито. Судискиот пар Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски ќе ја дели правдата, а делегирани се двајца делегати – Марјан Начевски и Драган Начевски. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »