За разлика од сега пред дест години мошне актуелна тема беше насилството на спортските терени по неколку инцидентите кои се случија тогаш. Па така во таа насока за спречување на насилството на спортските терени во Битола се одржа тркалезна маса, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Претставници на Ракометниот клуб Пелистер од Битола, на СВР – Битола, спортските клубови од Битола, навивачката група “Чкембари“ и претставници на медиумите, меѓу кои и јас, реализираа тркалезна маса во врска со измените на Законот за спречување насилство и недостојно однесување на спортски натпревари.
По одржувањето на тркалезната маса се донесоа повеќе заклучоци од кои произлегоа иницијативи како што се интензивирањето на соработката помеѓу полицијата, спортските клубови и навивачите со цел спречување на насилството на спортските натпревари, потоа околу иницијативата Националното координативно тело за спречување насилство да се прошири со претставници од регистрираните навивачки групи во Македонија, се со цел намалување и спречувањето на насилството.
Беше нотирано дека посебно внимание треба да се посвети на натпреварите од повисок ризик, при што би се одржувал состанок еден ден пред натпреварот и пред самиот почеток, на кој би присуствувале и претставници од медиумите и јавно да се апелира и повика на
фер и спортско навивање без насилство.

Деновиве пред 10 години: тркалезна маса за спречување на насилството на спортските терени (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Жените во фокусот: “КС Групацијата“ го одбележа Меѓународниот ден на жената
- Деновиве пред 10 години: нови возови од и кон Битола – ќе сообраќаат во доцните вечерни и ноќни часови (фото)
- Деновиве пред 10 години: универзитет од Битола организира голем концерт на Филхармонија од Минесота (фото)
- Девојките од Пелистер Волеј ја поминаа првата пречка во Купот, убедлива победа во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: Дијана Неделковска спортист на Битола за 2015 година (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Општина Битола: се реконструираат спортски терени во Горно Оризари
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Битолчани заедно во кризните денови










