Press "Enter" to skip to content

Во Битола, в сабота, втора по ред “Трка за Македонија“ во чест на загинатите бранители

В сабота, 27 април, во Битола ќе се одржи втората традиционална “Трка за Македонија“ во чест на загинатите бранители во село Вејце и сите бранители кои го дадоја животите за Македонија.

Стартот е во 9 часот од пред споменикот “Ангелот“ пред саат-кулата во Битола ,се трча до Породин и потоа се завршува во црквата “Света Троица“ во населбата “Буковски Ливади“. Должина на патеката е од околу 25 километри можи да се трча и штафетно, кој колку можи. Учеството е бесплатно. Секој учесник добива маичка, освежителни пијалоци, овошје и традиционален црковен ручек после трката за сите присутни.

Учесниците можат да се пријават на Facebook и Istagram TRKA ZA MAKEDONIJA, или да дојдат на стартот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »