Press "Enter" to skip to content

Алексеј Белевски, млад пијанист од Битола, освои злато на натпревар во Њујорк (фото)

Алексеј Белевски, петтоодделенец од Битола, ученик на проф. м-р Марија Шамоска Буџаковски при Државното музичко училиште во Битола, ја доби првата награда на Интернационалниот натпревар за млади музичари што се одржа во Њујорк.

Алексеј Белевски во силна конкуренција на учесници од 16 држави се закити со златен медал, а доби награда и да настапи на концертот на победниците во светски познатата сала “Carnegie Hall“ во Њујорк.

Алексеј Белевски беше оценуван од 12 члена еминентна комисија на врвни пијанисти од САД, Австрија, Германија и Кина, младиот Алексеј беше избран да настапи на концертот на победниците во светски познатата сала “Carnegie Hall“ во Њујорк.

-Честитки за големиот успех на нашиот ученик Алексеј и на неговата професорка Марија за работата, посветеноста и љубовта која му ја дава секојдневно. Исто и за поддршката од неговото семејство за реализација на овој настап кој е од голема важност за неговиот пијанистички развој, му порачаа од Државното музичко училиште на Алексеј.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »