Press "Enter" to skip to content

Олга, Пеце, Силвана, Бисера и Весна – пет битолчани во идниот 11. парламентарен состав

Според конечните неофицијални резултати соопштени од Државната изборна комисија во 5. изборна единица, каде гласаат и граѓаните од Општина Битола, Битола во идниот парламентарен состав ќе има пет битолчани.

Од победничката коалиција “ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ ВМРО- ДПМНЕ во идниот парламент ќе бидат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска, Пеце Милевски и Силвана Ангелевска.

Од КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА – СДСМ идна пратеничка ќе биде коносителот на листата, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Од движењето ЗНАМ – “За Наша Македонија“, идна пратеничка ќе биде носителот на листата, Весна Бендевска.

 

 

More from ВестиMore posts in Вести »