Паузата помеѓу вториот и третиот натревар од полуфиналната серија против Работнички, екипата на Пелистер од Битола го искористи за посоедните, како велат мали дотерувања на формата.
Тренерот Дарко Радуловиќ пред продолжението на серијата во која резултатот е 1-1 и првиот домашен меч, истакна дека очекува одбраните да го решаваат дуелот во „Боро Чурлевски“.
-Имавме еден извонреден натпревар во Скопје кој го добивме со квалитетна напад и одбрана, па имавме друг меч во кој потфрливме во нападот и игравме послабо енергетски. Работнички успеавме да го задржиме на некарактеристичен број на поени за нив и тоа треба да не радува. Целта да се добие еден меч на гости е исполнета и додава:
-Сега се подготвуваме за мечот во Битола каде ни е потребна публиката како шести играч, ни треба екстра-енергија. Подготовките течат добро, сите играчи се здрави и сакаат да го дадат максимумот. Сите детали се познати, фалат уште мали модификации и ротации, Ќе видиме дали и Работнички ќе дојде со некој новитет. Се знаеме добро ние две екипи, ќе решаваат индивидуални моменти. Ние мора да играме квалитетна одбрана и да ги ограничиме нивните најдобри играчи, затоа што се работи за доста потентна екипа напаѓачки. Ќе има и доста борба на физички план, сите ќе мора енергетски да се дадат максимално“, изјави Радуловиќ.
Полуфиналната серија од мак-баскетот продолжува во петок од 18:30 часот.











