Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Денес, четврток, 16 мај, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 21 степен.

Утре, петок, 17 мај, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 25 степени.