Press "Enter" to skip to content

Странците во Пелистер, Планиниќ и Мијовиќ задоволни од пласманот во финале

По вчерашната победа на Пелистер над екипата на Работнички и забележувањето на конечен резултат од 3:1, трета година во низа ќе игра за трофејот во Првата македонска кошаркарска лига.

По пласманот во ново финале, своите впечатоци ги изнесе еден од најдобрите во таборот на пелистерци, Јуре Планиниќ, кој кажа:-Сакам да им честитам на моите соиграчи и сите во стручниот штаб за оваа голема победа и влез во финалето. Ова беше многу тешка серија, екипата на Работнички е многу квалитетна, тоа го докажаа на сите натпревари. Тие се бореа до крајот, играа фер и коректно што е за поздрав. За нас ова е голема работа бидејќи по Куп-финалето, се пласиравме во финалната серија и во првенството. Го заслуживме ова, сега треба да се одмориме малку и да одиграме најдобро што можеме против МЗТ.Своето видување на полуфиналната серија го сподели интернационалецот Стефан Мијовиќ. 

-Заслужено победивме. Успеавме да ја сочуваме предноста од Скопје за вечерва да го добиеме овој одлучувачки натпревар и да обезбедиме местото во финалето. Ова ќе биде нова битка за трофеј со МЗТ по финалето на Купот. Ќе се подготвиме добро и да одиме на титулата. Имаме одлична хемија во тимот. Тренираме на ниво и тоа се прикажува преку формата и нашата игра, ни изјави Мијовиќ.

Пелистерци веќе сезонава загубија една битка за трофеј со МЗТ Скопје, во Битола во финалето на Купот, а сега ќе имаат шанса за поправен испит. 

More from СпортMore posts in Спорт »