Press "Enter" to skip to content

Промовиран битолскиот градски водич “Bitola City Guide 2024“ (фото)

Попладнево во “Паб Конект“ во Битола беше промовиран битолскиот градски водич “Bitola City Guide 2024“ кој го издаде здруженито на граѓани “Дојди, види и уживај“ од Битола, кое е второ по ред издание од ваков тип во градот.Горан Спировски, туристички работник, кој работи во туристичката агенција “Турист“ веќе 12 години, е дел од малиот тим кој го подготви “Bitola City Guide 2024“, а на промоцијата рече:-Тука сме да го најиме второто издание на “Bitola City Guide 2024“, туристичка брошура на град Битола која што е изготвена со голем ентузијазам и љубов кон нашиот град однас двата и нашите соработници. “Bitola City Guide 2024“ сакаме да биде во функција на странските и домашните туристи и да им овозможи да се чуствуваат пријатно во градот, да ги знаат сите информации, сите настани во текот на цела година и да ги запознаат увавините на нашиот град. Нам ни е голем ќеф кога ќе направиме нешто вакво, а така ќе биде и наредните години и додаде:-Сакам да искажам големо благодарам до нашите партнери кои се дел од “Bitola City Guide 2024“, нашите соработници, фотографите, дизајнерите, веб-дизајнерите, лектори и преведувачите. Горан Пинза, туристички водич од Битола, исто така работи во туризмот 12-12 години, дел од тимот кој го подготви ова издание,  за печатеното издание на “Bitola City Guide 2024“ рече:-Имаме многу новитети во споредба со лани во однос на печатената и дигиталната верзија во ова второ издание кое да додадам дека е надополнето со веб страна, и надградена апликација за разлика од лани. Имаме комплетно нов дизанј, ново лого и нова апликација која може бесплатно да се “спушти“.Не прашуваат зошто печатено издание во ова модерно време во време на дигитални платформи. Одговорот е дека реално во Битола, според наши проценки, доаѓаат гости на возраст од 40-45 години и нагоре, а нив им е многу поедноставно кога во раце ќе има печатено издание “жив примерок“ и ќе ги разгледа сите податоци поставени на страниците “Bitola City Guide 2024“. Ние сме иноватори, туку едноставно од она што сме виделеи да “украдиме“ како функционира туризмот во европските држави и тоа да го доближиме на општинско и регионално ниво и продолжиме ова да го реализираме на државно ниво во изминатите години, вели Пинза и додава:Печатеното издание е за оние кои се веќе тука, присутни во градот кои на едно место ќе видат што се нуди градот, а дигиталната верзија е наменета за оние кои што се двоумат, не знаат и планираат патување во Битола.  Битола е посетена попатно и тука остануваат неколку часа, а наша цел е да им покажеме и на сограѓаните и на останатите од државата и надвор од државата, дека Битола не е само за три часа. Не е само Хераклеја и Музајот, не е една прошетка, туку неколку дена можат исполнето да бидат во градот, а ако се посети целиот регион на околу 70-тина километри радиус, Преспанскиот регион, Охрид, Крушево… тоа ќе трае една седмица. Печатената верзија на “Bitola City Guide 2024“ има 36 страници, средени по категории, нема да бида само на места кои се наоѓаат тука, ќе ја има и на места каде се движат туристите, секој колку ќе има потреба, не само повозрасните туристи туку и помладите. За мобилната апликација беше речено дека се наоѓа на двете апликации за мобилни телефони и е бесплатна, и секој може да се снајде. Поделбата по категории е направена како и печатеното издание и лесно секој турист може да ја користи.-Новитет оваа година во ова второ издание е разгледницата која се наоѓа на последната страница, што е едно изненадување за туристите во Битола, како еден спомен, во ова денешно време во овој дигитален свет, кој никогаш нема да го купат, а ќе го имаат, додаде Горан Спировски.

С. Ристевски