Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер поразен на пенали во Купот, полна трибина навивачи од Битола не се израдуваа за прва титула сезонава (фотогалерија)

Алкалоид – Еурофарм Пелистер 25:23 (22:22)

-Во финалето, во салата “Борис Трајковски“ во Скопје, Еурофарфм Пелистер имаше поддршка од околу 1.000 битолчани предводени од “Чкембарите“, кои не се израдуваа на прва титула оваа сезона.

-За МВП на турнирот прогласен е Филип Кузмановски од Еурофарм Пелистер, а најдобар стрелец на турнирот е Богдан Радивојевиќ од Еурофарм Пелистер кој заврши со 12 гола. За најдобар голман, заслужено е прогласен Иван Галевски, уште еден битолчанец, кој “фати“ два пенали на пенал-рулетот со Еурофарм Пелистер. Купот на Македонија донесе супер-драматично финале меѓу Алкалоид и Еурофарм Пелистер кое се реши по пенали, по завршувањето на регуланиот дел со резултат 22:22, По изведувањето на пеналите подобар беше Алкалоид кој славеше со 25:23 за прв историски трофеј.Финалето започна така што првиот гол падна дури по три минути игра кога погоди Манасков, а потоа Пелистер поведе со 2:3. Брзата игра и пропуштените можности ги казни Алкалоид со серија и со пет гола и дојде до 7:3. По тајм-аутот на Пелистер преку расположениот Филип Кузмановски  дојде на 9:7. На одмор се отиде со 10:11 за Пелистер.На стартот на вториот дел, по десет минути Пелистер имаше 14:15, а Алкалоид имаше прво израмнување во вториот дел 15:15. Алкалоид реализира за 16:15, потоа победе со 18:16. Пешевски намали на -1 (18:17), а потоа израмни на 19:19 но дојде до предност на  пет минути од средбата. Потоа се играше гол за гол и прашањето за победникот се реши во последната минута. По еден долг напад, Серафимов реализира за 22:21 на 25 секунди до крајот, на спротивната страна пелистерци преку Кузмановски од пенал израмнија на 22:22.Од седмерците за Пелистер погоди само Цветан Кузмановски, а промашија Филип Кузмановски, Ѓорговски и Радивојевиќ.

Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер Пешевски со седум гола, пред Филип Кузмановски со шест реализации.

More from СпортMore posts in Спорт »