Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: битолчани собираа помош за настраданите во поплавите во Србија и Босна (фото)

-Битола и битолчани, пред 10 години, активно се вклучија во собирањето хуманитарна помош за поплавените градови во Србија и Босна и Херцеговина, помошта се дистрибуираше преку Општинската организација на Црвениот крст на Битола, и беше наменета за настраданите во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, започна со своите сеќавање Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Затоа се одржа средба која ја организира градоначалникот на Битола Владимир Талески во Општината Битола, заедно со  почесниот конзул на Србија, Силјан Мицевски, почесна конзулка на Босна и Херцеговина, Билјана Дамјановска, потоа претставници на Црвениот крст на Битола, како и претставници на здруженијата за српско-македонско пријателство и Здружението на босанско-македонското друштво.Помошта за Србија и Босна и Херцеговина да се собира организирано на 4 пункта во градот: пред просториите на Црвениот крст, на Плоштадот “Магнолија”, како и пред “Веро” на Широк сокак и “Веро” кај новиот пазар. Приоритет му се даде на собирањето хемиски средства за хигиена, дезинфекција, лекови, како и вода за пиење, а се донира и пари.И здружението за аутизам, викендов, на плоштадот “Магнолија“ организираше панаѓур за деца и млади со хуманитарна цел. Организатори на настанот беа Здружението за аутизам “Марко Поло експлорер“ и сите основни училишта од градот и Општината Битола.