Press "Enter" to skip to content

Промовиран училишниот весник “Нова Веда“ на Гимназија “Јосип Броз Тито“-Битола (фото)

Синоќа во кафе-барот Јагода се случи промоцијата на новиот број, трет по ред, на училишниот весник „Нова Веда“. Промоцијата беше во рамките на прославата на Патрониот празник на Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола.-Новиот број на „Нова Веда целосно го презедоа учениците, мојата обврска беше само како ментор. На моја и на нивна радост, учениците кои се од првиот број активни сега станаа и уредници, сами преземаа иницијативи и овој број, а се надевам и сите наредни ќе бидат нивни производ, вели професорот Никола Трајковски за новиот број.Како уредник на третиот број се потпишува Ева Ристевска која е уште од самите почетоци во весникот , а текстовите ги потпишаа повеќето ученици кои пишуваа и во претходните броеви и исто така беа презентирани и идните планови од новите членови и уредници во весникот.Содржините во новиот број беа од сите области, „Битолските кафичи некогаш и денес“, „Хаотична средношколска љубов“, „ Музиката не може да се допре но може да се почувствува“ и уште многу други теми кои се интересни за овие генерации на средношколци. Но, најголемо внимание предизвикаа анегдотите со професорите кои се најдоа на средина на овој број.На промоцијата присуствуваа поголем број од професорите во Гимназијата, директорката и многу ученици кои го поздравија новото издание.Сите кои сакаат да си купат од новиот број на „Нова Веда“ тие вечерва ќе имаат свој штанд на централната прослава на Патрониот празник на Гимназијата која ќе се случи на платото на Офицерскиот дом од 19:30 часот.