Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за одземање дневен промет со употреба на сила, пријава за исчезнато лице

На 29.05.2024 во 01.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 22 годишник од Битола. Тој се сомничи дека  на 28.05.2024 околу 20.30 часот во продажен објект на ул. “Апостол Здравески” со употреба на сила од вработената на возраст од 45 години од Битола одзел пари од дневниот промет. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.05.2024 во СВР Битола, Д.В. (54) од Битола пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко на возраст од 84 година. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.