Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер пак шампион, Битола слави осма титула, ракометна Македонија повторно е “зелено-бела“ (фото)

Пелистер – Алкалоид 32:28

Ракометарите на Пелистер вечерва во Битола ја одбранија титулата во Суперлигата на Македонија откако денеска на домашен терен во натпреварот да се биде или не славеа над Алкалоид со 32:28.Ракометарите на Еурофарм Пелистер со овие три бода, имаат 41 бод на првото место, пред вардарци кои го победија Бутел и сепак останаа на втората позиција со 39.Пехарот во име на клубот го презеде капитенот Филип Кузмановски, а ова за битолчани е осма титула.Најефикасни во победничкиот тим беа Радивојевиќ и Манасков со по шест голови, додека браќата Митеви постигнаа по шест погодоци за Алкалоид.По завршувањето на мечот почна и фештата во Битола, а ракометна Македонија и оваа година ќе остане зелена.

More from СпортMore posts in Спорт »