Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: прва Интернационална конференција за сестринството (фото)

Пред 10 години, во јуни 2014 година ва првпат во Битола, во организација на Високата медицинска школа се одржа првата Интернационална конференција на Високите школи и факултети од областа на сестринството, со цел изнаоѓање на механизми за подобрување на превенцијата, негата и рехабилитацијата на хронични болни од незаразни болести, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.На првата Интернационална конференција на Високите школи и факултети од областа на сестринството имаше присутни од сите земји од Балканот вкучувајќи ги и Холандија, Данска и Австрија.Од Интернационална конференција на Високите школи и факултети од областа на сестринството се објавија и научни трудови во зборникот на Високата медицинска школа, на тема која е доста актуелна тема со која имаат за цел да го едуцираат населението.На Конференцијата беше промовирано и првото списание во земјава Македонско сестринство од страна на ВМШ, Фондацијата д-р Котевски и Здружението на медицински
сестри од Битола, а првиот број беше посветен на конференцијата.