Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: уште пријава за агресивно однесување на колеги во образование, оштетена врата и шалтер во Уредот

На 07.06.2024  во 14.30 часот во СВР Битола, 47 годишна од битолчанка вработена во основно училиште од  село Кукуречани, битолско  пријавила дека нејзиниот колега во дворот од училиштето агресивно се однесувал и и упатувал вербални закани. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 
 
На 07.06.2024 во 14.50 часот во СВР Битола, вработен во агенција за обезбедување  пријавил дека, додека бил на своето работно место во Здравствен Дом „Д-р Хаим Абраванел“ во Битола, лице извршило оштетување на влезната врата и шалтерот во установата и физички го нападнал пријавителот. Лицето агресивно се однесувал и кон докторката. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.