Во организација на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола се одржува Вториот универзитетски турнир во тенис UKLO OPEN COLOURS 2024. Дводневниот турнир што започна на 12 и ќе заврши на 13 јуни 2024 г, има рекреативно-забавен карактер.
Учествуваат 25 учесници – студенти и вработени на УКЛО, средношколци и граѓани кои го сакаат тенисот.
Турнирот го отвори ректорот, проф. д-р Игор Неделковски, којшто воедно е учесник во натпреварите.
Оценувајќи дека со ваквите активности се подобрува квалитетот на студирање и живеење на студентите и вработените на Универзитетот, тој нагласи дека од минатата година во календарот на спортски активности освен традиционалните натпревари во мал фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, пинг –понг, се вклучија и нови: куглање, стрелање со воздушна пушка, како и едрење и веслање, по примерот на Универзитетите Кембриџ и Оксфорд.
Воедно, ректорот Неделковски ги истакна успесите на нашите студенти во државните универзитетски спортски лиги, што се мотив повеќе УКЛО да продолжи со популаризација на спортот како важен чинител во психофизичкиот развој на младите, зачувување на здравјето и клучен во борбата против зависностите.
Учесниците на Вториот универзитетски турнир во тенис UKLO OPEN COLOURS 2024 се натпреваруваат во две категории: во првата наставно- академски кадар на УКЛО и надворешни учесници, а во втората студенти од единиците на Универзитетот и средношколци.
Натпреварите по групи се одржаа на тениските терени кај Градскиот стадион во Битола кадешто се одржуваат полуфиналните и финалните натпревари како завршница на турнирот UKLO OPEN COLOURS 2024.

Втор универзитетски турнир во тенис “UKLO OPEN COLOURS 2024“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево и топло со услови за несрабилност, температурата до 29 степени
- Последна шанса за пријава на Мини Трчај бе 2026 – пријавите се затвораат утре напладне
- Чудо во медицината: бремена со тројки на 58 години со ИВФ во болница “Плодност“ Битола
- Нови титули, нови победи, АК Олимп од Битола продолжува со успесите во оваа сезона
- Општина Битола: екипи на ЈКП “Нискоградба“ интервенираат на десетина локации по големиот дожд
More from СпортMore posts in Спорт »
- Нови титули, нови победи, АК Олимп од Битола продолжува со успесите во оваа сезона
- Во Новаци започна 14. еморијален турнир во мал фудбал “Пеце Матичевски“
- Во Битола свечено отворено Балканското првенство во џудо до 14 години (фотогалерија)
- Даниело Божиновски од Битола нов претседател на Федерацијата за планинарство на Македонија
- Диего Басанесе хрватски младински репрезентативец нов член на Еурофарм Пелистер









