По 4. коло на Првата лига кое се одржа викенов во Тетово, на отворено бидејќи во Тетово нема климатизирана спортска сала. Лидер на табелата е боксерскиот клуб Пелистерски јунак од Битола со 22 бода, колку што има и и Шкупи. Универзалци се третопласирани со 20 бода.
Во Тетово кај сениорите Пелистерски јунак освои 7 бодови, за што тренерот Јове Петровски – Оцо вели дека е задоволен, а како резултат на одличните настапи Пелистерски јунак е лидет на табелата, заедно со Шкупи со кој имаат по 22 бодови.
Петровски во однос на судењето имаше забелешки. Како клуб изразуваат незадоволство од некои резултати, за прв пат нема резултати, туку само се болдирани победниците, а реагираат на некои случувања кои не се во доменот на фер-плејот. Забелешки имаше и во јавноста зошто се боксира на отворено при екстремни темепратури.
Кај младинците во 3. коло екипата на Пелистерски јунак освои 19 бодови, има вкупно 52 бода, а лидер на табелата е Фамилија Демирови со 61 бод. Екипата на Пинк пантер е на третото место со 29 бодови.









