Press "Enter" to skip to content

5-ти роденден на “Concrete Company“

На 10 јули, во ресторан “Оскар” Битола, Concrete Company прославиja пет години постоење. По повод овој јубилеј, на најзаслужните од менаџерскиот тим и вработените им беа доделени благодарници за нивниот придонес кон развивањето на компанијата.

Concrete Company е основана во 2019 година и основна дејност им е производство на бетон за градежни цели. Со континуираниот раст и развој се прошируваа и услугите кои ги нудат како производство на асфалт, ивичњаци или рабници како и партнерство со “КНАУФ ДООЕЛ” Скопје за Југоисточна Македонија.Основен приоритет на нивното работење е почитувањето на еколошката етика и заштита на животната средина, кој практично го применуваат во секој проект.

Велат, ако мораат да издвојат 5 работи на кои се горди изминатите 5 години, на прво место е тимот на вработени кој го испорачува постојаниот квалитет на производи кои ги нудат на пазарот, потоа набавка на нова асфалтна база со капацитет 240 тони на час и нова бетонска база со капацитет од 120 тони на час, а во бројки и факти и испораката на 50 000 метри кубни бетон и 50.000 тони асфалт.Од менаџерскиот тим велат, нивен предизвик за престојниот период е поставување на асфалтната и бетонската база и секако потврдување на слоганот под кој работат “Градиме темели на сигурност”.Среќен 5-ти роденден Concrete Company!Текст : Н.С. и С.Д.
Фото: Concrete Company