Press "Enter" to skip to content

Мирко Ивановски повторно во ФК Пелистер Битола

Најавите од фудбалска Битола се остваруваат. Неделава Пелистер промовира искусни засилувањата за враќањето во Првата фудбалска лига. Денешното силно ќе ги израдува „Чкембарите“, бидејќи зелено-белиот дрес повторно ќе го облече поранешниот репрезентативец Мирко Ивановски. 34-годишниот Ивановски повторно ќе игра во Првата македонска фудбалска лига, каде што дебитираше во нашиот дрес и ја освои титулата со Македонија Ѓорче Петров. Ивановски е еден од фудбалерите со најдолг интернационален стаж во нашата земја. Тој настапуваше за шест романски клубови: Петролул, Клуж, Астра Ѓурѓу, Конкордија, Динамо Букурешт и Тунари.

Неговиот фудбалски пат го водеше во Чешка, Полска, Турција, Хрватска, Унгарија. Настапуваше за: Славија Прага, Арка Гдиња, Видеотон, Болуспор, Славен Белупо, Хајдук, Диосѓер… За македонската репрезентација има 27 натпревари, а настапуваше и за сите младински селекции. Тој веднаш му се стави на располагање на стручниот штаб и започна со тренинзи со фудбалерите на Пелистер. Мирко Ивановски денес се обврза на потпис на договорот со матичниот клуб и неговото враќање посебно го радува нашето фудбалско семејство и армијата навивачи“, велат во соопштението на  ФК Пелистер од Битола.

More from БитолаMore posts in Битола »