Press "Enter" to skip to content

РЕК Битола стави во функција два блока и испорачува електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем

Денес, во 11:45 часот, во функција е ставен Блок 1. Претходно, за време на викендов на мрежа беше и Блок 3. 

Блок 1 на РЕК Битола беше надвор од функција од петокот заради испадот на 110 киловолтната собирница на МЕПСО.  Заради прекинот во напојувањето, одложени беа и операциите за пуштање во финкција на Блок 3. И покрај проблемите што ги предизвика испадот, стручни лица на РЕК Битола во рекордно време ги оспособија постројките за работи и комбинатот од денес произведува струја од два блока. 

Ремонтините активности на Блок 2 на РЕК Битола продолжуваат согласно предвидената динамика. 

More from ВестиMore posts in Вести »