Press "Enter" to skip to content

Општина Битола објави јавен повик за учество во програмата на битолско културно лето “БИТ ФЕСТ 2024“

Општина Битола, оваа година по 16-ти пат го организира Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“.

Предмет на јавниот повик – кофинансирање на манифестации и проекти од областа на културата:

– музичка и музичко – сценска уметност

– театар

– ликовна уметност

– видео, фото, филмска уметност

– литература

– фолклор

– нови уметности

– мултидисциплинарни проекти

Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик е 1.000.000,00 денари, a aктивностите треба да бидат реализирани заклучно со 31.08.2024 год.

Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани субјекти, физички лица, правни лица, Здруженија на граѓани, владини организации и јавни установи од областа на културата (со седиште во Општина Битола). Ако апликантот е со седиште во друга општина, проектот/активноста треба да биде одржана на територија на општина Битола.

Со цел, поддршка и промоција на културните настани и дисперзија на случувањата на различни локации во Општината, приоритет ќе имаат  манифестации и предлог настаните кои ќе се одржат на алтернативен простор, соодветно на комплетноста на апликационата форма.

Организаторите на културните настани и манифестации кои се дел од програмата за култура, усвоена од Советот на општина Битола, немаат право да аплицираат на овој повик, а нивните манифестации ќе бидат дел од Програмата на „БИТ ФЕСТ 2024“.

Повикот трае од 17.07.2024  до 23.07.2024 до 15.30 часот.

 

Повеќе информации за јавниот повик и документацијата за аплицирање, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/bitfest-2024/.

 

More from ВестиMore posts in Вести »