Press "Enter" to skip to content

КУД “Илинден“ Битола со музичко-сценскиот проект “На Панаѓир“ на Илинденски денови (фотогалерија)

-Кога ќе кинисаш на југ, очите ќе ти се наполнат со сончевина, а во душата ќе ти замириса на маслин и рузмамарин, друмој ќе те носат кон Беломорието како опој во кој се тоне со мирис на слатка горчина. А. низ друмој песна се развива и касели на сеќавања отвора, сеќавања на стари времиња насетени во раскажана приказна од мајка и прабаба, со овие зборови кои “кинат душа“ Силвана Петовска – Насух го отвори соночешниот настап на КУД “Иилинден“ од Битола.Под битолското ѕвездено небо, на Интернационалниот фестивал на народни игри Илинденски денови незаборавна вечер со настап на КУД „Илинден“ на платото пред Офицерскиот дом.Членовите на нашиот ансамбл ја маѓепсаа публиката со својот целовечерен концерт на кој го презентираа музичко-сценскиот проект “На Панаѓир – ора и песни од Јужномакедонската етнографска целина – јужно играорно подрачје”.На Панаѓир” e енергична прослава на богатото културно наследство на Јужна Македонија. Играорците, во автентична традиционална облека, ги оживеаја традицијата од јужниот регионот. Мелодиите на традиционалните инструменти одекнуваа низ ноќта, плетејќи магична атмосфера.-Бојмија се буди нежно во колевка од кории и му потпевнува на Егејот елегија утринска, Њгуш да ја слушне Костур да ја насети. Да покани луѓе сајбии на пуленки празници и сведени да ја дочекаат. Да лскаат алтани и чипка, труби, зурли и тапани да грмат… да ечи песна македонска, најавуваше Петровска – Насух.Магленски власти, Митрија, Јанчичка, Ори одано шарена, Пајдушка… беа сплетовите на ора кои беа синоќа изведени на платото пред Офицерски дом во Битола, пред голем број на публиката, битолчани и нивните гости од Регионот и светот.Публиката беше пренесена за миг во минатото, каде што суштината на фолклорот во регионот беше начин на живот. Настапот предизвика аплаузи и овации, а и заедничко чувство на гордост за културното наследство на Македонија.Оваа извонредна вечер беше доказ за трајната моќ на народните традиции да обединуваат и инспирираат. Како што продолжува фестивалот, споменот на прекрасниот настап на КУД “Илинден“ ќе остане белег, потсетувајќи на сите нас на убавината и важноста на зачувувањето на нашите културни корени.И нема сон додека оро се вие на сретсело, оти таму е севдата… Баш таму под разиграна шамија која се вие пред трубата, ете баш таму топоти срцето заедно со барабанчето на кое му е оставен аманетот да го разигра орото… Ајде да грејме на Панаѓир… 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »