-Во 2014 година фестивалот на народни игри и песни “Илинденски денови“ во Битола на кој зедоа учество над 35 културноуметнички друштва од земјата и странство беше еден од најквалитетните и најпосетени фестивали досега, беше речено тогаш по завршувањето на фестивалот, кој започна со изложба, семинари, дефиле, отворање со “Комитското“ на Илинден, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Фестивал0т треше четири дена а на сите локации каде настапуваа битолските играоци и гостите од сите континети, него го следеа неколку илјади гледачи, од кои најголемиот беа наши иселеници, кои тоа лето, во 2014 година, масовно се дојдени во Битола.
Со одржувањето на целовечерниот концерт на Драган Даутовски, промоцијата на неговиот најнов албум “Пламен“, како и со врачувањето на наградите, во Битола беше означен крајот 44. фестивал на народни песни и игри.
“Илинденски денови“ во 2014 година се одржа во рамките на Битолското културно лето “Битфест“.
Жири-комисијата за највиското признание, за најдобро презентиран изворен фолклор
на Фестивалот му го доделија на фолклорниот ансамбл “Китка“ – Истибања, а за најуспешен автор, што подготвил сценска презентација на изворна фолклорна содржина беше прогласен Стојко Митковски од истиот ансамбл.
За најуспешен изворен оркестар во 2014 година беше прогласен оркестарот на народни инструменти и школата за тапани при Ансамблот за фолклор “Гоце Делчев“ од Битола.
Специјално признание за исклучителна изведба на ората “Женско чамче“ и “Чифте-чамче“ на КУД “Илинден“ од Битола.

Деновиве пред 10 години: во 2014 година 44. издание на “Илинденски денови“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: “југо“ во Драгор
- Деновиве пред 10 години: основано здружение за одржлив развој на Мариово, досега изработени 400 проекти (фото)
- Деновиве пред 10 години: по неуспешната 4. продажба започна пропастот на Детското на Пелистер (фото)Деновиве пред 10 години: по неуспешната 4. продажба започна пропастот на Детското на Пелистер (фото)

- Четврта детска трка “Trailko“ за крај на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ Битола, победници сите дечиња (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: одбележан денот на битолската и македонската адвокатура (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Над 1.400 гранати и бомби од Првата светска војна пронајдени кај поранешната касарна во Битола
- ФИКТ Битола потпиша меморандум со Министерството за енергетика, рударство…
- Асфалтирање на три краци од улицата „Даме Груев“ во „Мал Париз“
- СВР Битола: вевчанец возел со 1.71 промили алкохол во крвта, полицијата го приведе на „Илинденска“
- Во Битола сончево, температурата до 30 степени









