Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: прва Семакедонска иселеничка средба во Трново (фото)

-Во дворот на црквата “Пресвета Богородица” во потпелистерското село Трново, над Битола се одржа првата Семакедонска иселеничка средба, односно помирување на Илинден, која се одржа по повод Илинденските чествувања во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, и продолжи:-За прв пат, по повеќе од три децении, во Трново, Илинден заеднички го славеа сите македонски здруженија Здружението на Македонците од егејскиотдел на Македонија, Светскиот македонски конгрес, Матицата на иселениците и Здружението “Македон“, а тоа беше помирувањето не само на хартија на здруженијата, кои порано поединечно го одбележуваше Илинден.Како и секогаш од Трново, од Семакедонската средба во 2014 година беа упатени неколку мошне јасни и конкретни заеднички пораки за конечно обединување на македонскиот народ, како и барање до Владата на Република Македонија за безусловен прекин на преговорите со Грција за промена на името, како и отфрлање на иницијативите за заеднички одбележувања на исторски датуми со Бугарија.На присутните им се обратија тогашната министерка за култура, Елизабета Канчевска-Милевска поздрави обединувањето на македонските организации кои за прв пат одржаа заедничка семакедонска средба во потпелистерското село Трново, градоначалникот на Битола – Владимир Талески,  а собирот го благослови архимандритот Никодим Царкњас.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »