Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и топло, температурата до 35 степени

Денес, четврток, 8 август, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 35 степени. UV=8.

Утре, петок, 9 август, во Битола времето ќе биде претпладне сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне со можност за пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 35 степени.  UV=7.