Денес, петок, 9 август, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне, можност за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 34 степени. UV=7.
Утре, сабота, 10 август, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 35 степени. UV=8






