Press "Enter" to skip to content

Денес под Тумбекафе, во Битола, по две години ќе се игра прволигашки фудбал

Фудбалерите на Пелистер од Битола по две години повторно ќе игра во Првата македонска фудбалска лига. Битолчани со скоро нов тим ќе играат за што е можно подобар пласман, а прв натпревар ќе биде денес во 17 часот против екипата на Гостивар.

Борче Маневски кој оваа сезона има друга улога, помошник тренер во Пелистерза првиот прволигашки натпревар во Битола рече:

-По две години сме пак во Првата лига и сме во исчекување на првото коло. Битола повторно ќе може да гледа прволигашки фудбал. Екипата мислам дека е подготвена затоа што работевме напорно. Ни следи натпревар против Гостивар, се надеваме на поддршка од публиката да успееме во нашата цел, тоа е добро да стартуваме со сезоната. Пелистер секогаш ги сака трите бода. Респект за Гостивар, се работи за екипа која е организациски и финансиски на доста високо ниво, но нашата цел е секогаш да дадеме максимум на терен, па нека победи подобриот.

За денешниот Александар Ристевски ветува максимална борба за бодовите да останат на стадионот „Петар Милошевски“ и вели:

-Пресреќен сум затоа што се вратив во мојот матичен клуб и сум максимално мотивиран. Напорно работевме месец и пол и со нетрпение го чекаме мечот. Имаме респект кон Гостивар, донесоа добри играчи, тие се квалитетна екипа, но и ние имаме квалитет. Минавме одлични подготвки и сме добро подготвени за овој натпревар. Очекуваме и поддршка од публиката од “Чкембарите“, со нивна помош можеме до резултати.