Денес, вторник, 13 август, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Битола температурата до 37 степени. UV=9.
Утре, среда, 14 август, во Битола времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во Битола температурата до 37 степени. UV=8.






