Press "Enter" to skip to content

In memoriam: академик Глигор Каневче

На 78 години почина академик Глигор Каневче долгогодишен професор на Техничкиот факултет во Битола и поранешен декан, истакнат стручњак од областа на енергетиката, животната средина, термотехниката, термоенергетиката и процесната и мерната техника.

Иако поголемиот дел од животот го помина Битола, а битолчани го сметаат како свој сограѓанин, Каневче е роден во Охрид. Дипломирал на Машинскиот факултет во Белград (1969), а докторската дискретација ја одбранил на Техничкиот факултет во Нови Сад (1982),  а беше водечки истражувач во Институтот за нуклеарни науки во Винча. Од 1990 до 1992 беше раководител на постдипломските студии по процесно инженерство на Техничкиот факултет во Битола, каде што беше и декан (1995-1997). Беше претседател на Сенатот на Универзитетот во 2003.

Од 2000 беше член на Македонската академија на науките и уметностите, како и член на МНД во Битола од 1986. Има престојувано и одржано предавања во повеќе земји, каде што остварил богата научна соработка.

Погребот ќе се одржи утре од 12 часот на Градските гробишта во Охрид.