Денес, вторник, 19 август, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со можност за пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 27 степени. УВ=6.
Утре, среда, 20 август, во Битола времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските региони. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 31 степен. UV=7






