Press "Enter" to skip to content

Во Купот, Пелистер гостин на Скопје, Јени Маале домаќин на Шкендија во Битола

Денес Фудбалската федерација на Македонија со жребка која се одржа во нивните простории ги одреди паровите за стартот на најмасовното фудбалско натпреварување, Купот на Македонија.

Во 1/16 финалето од Купот  се пласираа две битолски фудбалски екипи, прволигашот Пелистер и Јени Маале тим кој се натпреварува во Општинската лига.

Ждрепката сакаше да ги одреди овие 15 парови, а слободен во првата рунда е тимот на Тиквеш, кој својата авантура ќе ја започне во осминафиналето.

Екипата на Пелистер во првото коло од Купот на 19 септември во 15 часот ќе гостува на тимот на Скопје во Скопје, а екипата на Јени Маале ќе биде домаќин на Шкендија, на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола.

Екипата на Новаци ќе биде домаќин на Вардар.

Парови за 1/16 финалето од Купот на Македонија:
Победа -Гостивар
Џепчиште – Шкупи
Кожуф – Арсими
Вардар Неготино – Брера Струмица
Јени Маале – Шкендија
Беласица – Македонија ЃП
Слободен – Брегалница
Башкими – Воска Спорт
Охрид Лихнидос – Беса
Шкендија Арачиново – Работнички
Карбинци – Силекс
Борец – Детонит Плачковица
Слога Виница – Струга Трим Љум
Скопје – Пелистер
Новаци – Вардар.

More from СпортMore posts in Спорт »