Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 31 степен

Денес, среда, 21 август, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне можност за појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 31 степен. UV=7.

Утре, четврток, 22 август, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 32 степени. UV=8