Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: три пријави за физички напади, врз сопруга, во парк и во продавница

На 23.08.2024 во 20.50 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 33 годишник од Битола, по претходна пријава дека околу 19 часот физички ја нападнал неговата 24- годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.08.2024 во 15.40 часот во СВР Битола Н.С. (70) од Битола пријавил дека околу 09.30 часот, во парк во Битола, по претходна расправија бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.08.2024 во 16.00 часот во СВР Битола С.С. (30) од Битола пријавил дека околу 14.00 часот, во продажен објект во Битола бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.