Денес, понеделник, 26 август, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне и кон крајот на денот можност за појава на пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 31 степен. UV=7
Утре, вторник, 27 август, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 32 степени. UV=7






