Press "Enter" to skip to content

За прв пат во Битола – Street Food Festival

Утре вечер во Битола ќе се организира за прв пат “Street Food Festival“ што ќе биде прв настан од ваков тип во градот и поширокиот регион.

Станува збор за светски популарниот настан Street Food Festival кој се организира скоро во секоја европска метропола. Кај нас, овај фестивал се организира за прв пат на 27.08 (вторник) со почеток од 20 часот.

Потврдени се над 10 штандови кои ќе приготвуваат и продаваат храна од секаков вид: скара, хот дог, гиро, пастрмајлија, крофни, палачинки, пица, итн.

Фестивалот ќе се одржи на платото помеѓу ДМ маркет и бар Манаки. Целиот фестивал ќе биде дополнително “зачинет” од NALA бенд, Emotion бенд, Боеми, Дона Петрова и Тамара Стојковска.

Организаторот поканува заедно да ја започниме традицијата на еден поинаков концепт на фестивал со храна.

Инфо и резервации 076/942-600