Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Јана, Вања, Стефан и Кико од Битола испешачија 25 километри на Пелистер и го собраа ѓубрето

Во морето вести за хулиганство во Битола и уништување на урбана опрема, паркирање каде не треба, кршење на дрвја и што се уште не, четири дечиња, секако заедно со своите родители направија нешто што треба да е пример за децата, возрасните, планинарите… за сите нас. Јана, Вања, Стефан и Кики поминаа одличен викенд на Баба планина, испешачија 25 километри на Пелистер и попат го собраа ѓубрето кое го оставиле возрасните “љубители“ на планината.Викенд планинарската тура ја започнаа преку Болници до Антена, потоа Мало езеро, Големо езеро, Орлови бари и слега по Сапунчица.Вкупно поминаа 25 километри и на Вања –  9 години, Јана 7, Стефан 9 и на Кико со само 5 години ова им беше прв пат да поминат толкава должина.

Поминаа одличен викенд, ги видоа знаменитостите на Пелистер, го собраа ѓубрето, покажаа патриотизам – го развеаја знамето на Македонија, и на крај Вања ни упати силна порака на сите нас:-Не фрлајте ѓубре на планината, за да ни биде чиста како роса на Пелистер.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »