На 26.08.2024 во 23.05 часот во СВР Битола, Б.А. (53) од Битола пријавил дека на ул.„Батаљон Стив Наумов” во Битола бил физички нападнат од лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 25.08.2024 во 18.15 часот во СВР Битола, Б.М.(41) од Битола пријавил дека во с.Лознани, битолско, бил физички нападнат од две лица на возраст од 42 и 48 години, двајцата од село Лознани. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.
На 26.08.2024 во 23.10 часот во СВР Битола, С.К.(52) од Австралија, со привремен престој во Битола, пријавил дека на ул. „Филип Втори Македонски” во Битола бил каснат од куче скитник .
На 26.08.2024 во 10.50 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на село Трново, битолско, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно подигнал една авионска бомба од 50 кг. од Првата светска војна.






