Меѓународниот ракометен ТВ турнир на шампиони, Добој 2024, годинава бележи 55-то издание, а посои од далечната 1965 година, се играл секоја година, со исклучок на три години, а македонски екипи се составен дел во последните 20-30 години. Оваа година на турнирот ќе настапи екипата на Еурофарм Пелистер од Битола која утре ќе го има својот прв натпревар.
Екипата на Пелистер два пати го осв0јувала турнирот, а годинава ќе се обиде тоа да го направи и по трет пат.
Екипата на Еурофарм Пелистер е во “А“ групата , заедно со Црвена Звезда, Татабања и Загреб, а додека во групата “Б“ Слога, Бешикташ и Ал-Ахли, откажа екипата на се Веспрем, која важеше и за првиот фаворит за трофејот,
Утре на вториот ден од натпреварувањето, 29 август, во 19:10 ќе се одигра натпреварпт помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Црвена ѕвезда. На третиот ден во 21 часот ќе играат Пелистер и Татабања. На четвртиот ден од натпреварувањето во 17:20 часот ќе играат Загреб и Еурофарм Пелистер.
Финалните натпревари ќе се одиграат на 1 септември, од 17:20 часот за третото место и од 20:15 часот за првото место.










