Генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев, директорот на производство Зоран Коњановски и директорот за правни и општи работи Ѓорѓи Ѓорѓиевски заедно со рударите од електроенергетскиот комбинат и градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски ја посетија црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Новаци по повод „Денот на рударите“ и празникот Голема Богородица, нивната заштитничка.
По посетата на Новаци, генералниот директор на ЕСМ и дел од членовите на Управниот одбор заедно со рударите на комбинатот присуствуваа на одбележување на Денот на рударите во кругот на РЕК Битола.
–Во мое име, во име на Управниот одбор и во името на сите вработени во АД ЕСМ ви оддаваме признание на вашата тешка професија, за огромниот напор што секојдневно го вложувате и им давате живот на овие рудници. Токму вие сте претставници на една од најтешките професии, секојдневно соочувајќи се со предизвиците и ризиците што ги носат вашите работни задачи. Без вас, како основна движечка сила, ќе беше невозможно РЕК Битола и РЕК Осломеј да функционираат повеќе од четири децении, поточно од далечната 1980 година, кога за прв пат е започнат ископот на јаловина во рудниците за јаглен, порача Узунчев.
Во оваа пригода, доделени се пофалници за вработени во рудниците кои се истакнале со својата работа изминатата година.

Работниците заедно со раководството од ЕСМ во РЕК Битола го одбележаа Денот на рударите
More from ВестиMore posts in Вести »
- Отворена фото-изложбата на спортски фотографии на Дамијана, Аце, Ацко и Дејан (фотогалерија)
- Младинскиот центар место каде младите можат да се активираат, информираат и едуцираат
- 17-та крводарителска акција на КС Групација – хуманоста продолжува (фото)
- Вторник по 62. пат избор на спортист на Битола, вечерва изложба на спортски фотографии
- Денес почнува “купот“, Пелистер против Куманово, Стајиќ посакува да биде до недела во Куманово





