Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со победа стартуваше на турнирот во Добој, ја победи Црвена Ѕвезда

Еурофарм Пелистер – Црвена Ѕвезда 28:27 (14:16)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола со победа го започнаа добојскиот ТВ турнир на шампионите победувајќи ја Црвена Ѕвезда од Белград со резултат 28:27. 

Во првото полувреме “пелистерци“ имаа и плус пет, а тргнаа како и очекуваа со лесни голови, за резултат 10:5. Потоа Еурофарм Пелистер направи грешки кои белграѓани ги искористија, направија серија од 0:6, за пресвет и водство од 10:11. На полувреме Еурофарм Пелистер имаше негатива од два гола, 14:16.

Стартот на второто полувреме донесе прво израмнување 17:17, а потоа и водство на Еурофарм Пелистер 18:17. Потоа Црвена Ѕвезда возврати и поведе со 18:20. Следуваа Митревски одбрани и голови на Кузмановски и на средина на второто полувреме беше реми, 21:21. Повторно одбрани на Митревски за +2 (24:22), а потоа 25:23 во 55. минута. Кузмановски погоди за 27:24 и се потоа беше рутински одработено до првата победа. 

Најрфикасен кај Еурофарм Пелистер капитенот, Филип Кузмановски, со 9 гола кои му донесоа и “МВП“ на натпреварот.

Утре во 21 часот, Еурофарм Пелистер игра против Татабања.